Search

Шпанка добива смртни закани поради своите големи природни гради

Џесика Гонзалес Гарсија (35) на социјалните мрежи за кратко време има собрано повеќе од 255 илјади следбеници, и иако стана позната поради својот изглед, тој како што вели таа, и донесе многу лоши работи во животот.

Поради моите огромни природни гради, добивам дури и закани со смрт “, објаснува еротската актерка.

Таа ги обвинува градите за своите неуспешните врски и верува дека тие се причината поради која добива смртни закани од жени на социјалните мрежи. И покрај критиките, Џесика е решена да ги постигне своите цели, пишува „Дејли стар“.

Таа објасни дека и покрај тоа што сега е ѕвезда на социјалните мрежи, нејзиниот живот не беше лесен. Откако нејзината сестра починала пред шест години, Џесика почнала да се бори против шизофренија.

Лошите коментари што кружеа за неа влијаеја врз нејзиното ментално здравје.

Најлошиот коментар што го добила на социјалните мрежи е кога една следбеничка, вели таа, ја навредила нејзината покојна сестра.

Шпанката смета дека луѓето и праќаат негативни пораки бидејќи се завидливи за нејзиниот изглед. Покрај тоа, таа мисли дека нејзиниот изглед ги исплашил нејзините партнери во минатото. Сепак, во моментов најважен и е фокусот во кариерата, и таа сака да се пробие во светот на филмската продукција. Сега работи на својот дебитантски филм „Збунет”, чиј фокус е на еротиката.

Треба да знаете
Последни објави