Search

Шпанија ќе прими дел од мигрантите заглавени на брод во италијанските води

Шпанија се понуди да прими некои од 150 мигранти од бродот за спасување, кои Италија ги блокираше, сооптшија властите во Рим.

Бродот денеска се наоѓа во територијалните води на Италија, рекла портпаролката на операторот на шпанската добротворна организација „Проактива Отворени раце“.

Неговите патници се на бродот, од кога ги собраа на Средоземното море почетоот на овој месец.

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини одби да им дозволи да се симнат од бродот, но римскиот административен суд вчера пресуди дека на бродот треба да му се дозволи да влезе во италијанските територијални води.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека Шпанија изразила подготвеност да прими одделни мигранти кога ќе се симнат од бродот. Шпанската Влада не ја коментираше веста, но дневникот „Паис“ повикувајќи се на три неименувани извори, дека Шпанија ќе прими одреден број мигранти.

Весникот наведе дека допрва треба да биде утврден точниот број мигранти, кои Шпанија ќе ги прими, во рамки на поширок договор со Франција, Германија и други земји.

Треба да знаете
Последни објави