Search

Шпанија ја обновува својата економија со поголеми даноци за големите компании

Шпанската Влада денеска објави планови за зголемување на даноците за големите компании и луѓето кои најмногу заработуваат, со цел да ги инвестира овие пари во социјална заштита и инфраструктура, како дел од планот за буџетот за 2021 година.

Шпанската економија претрпе тежок удар поради пандемијата на коронавирусот и годинава се очекува да падне за 11,2 проценти, но Владата планира следната година да го зголеми буџетот за 6,8 милијарди евра, што ќе ѝ даде поголема моќ да најде излез од кризата.

Владите ширум светот сè уште не донеле одлука како да ги обноват економиите погодени од пандемијата на коронавирусот.

Дури и Меѓународниот монетарен фонд минатата недела објави дека засега приоритет е пандемијата да се стави под контрола, а потоа и економско закрепнување.

Треба да знаете
Последни објави