Search

Шпанија: Спасени 292 мигранта, меѓу нив и три деца

 Шпанската крајбрежна служба соопшти дека се спасени 292 мигранта од северна Африка, кои се обидувале да го преминат Медитеранот и да стигнат до Европа.

Меѓу спасените мигранти, кои биле во пет чамци, имало 17 жени и три деца.

Тие биле пронајдени во водите на Алборското Море во Гибралтарскиот Проток.

Според податоците на шпанското Министерство за внатрешни работи, од почетокот на годината пристигнале 8.800 мигранти во Шпанија. Тоа е речиси 18 отсто помалку од минатата година

Треба да знаете
Последни објави