Search

Шпанија разби банда која финансирала милиција на Ал Каеда

Шпанската полиција во вторникот уапси 10 државјани од сириско потекло обвинети за финансирање терористичка милиција Ал Каеда во Сирија, објави Министерството за внатрешни работи и извор близок до истрагата, пренесува „Локал“.

Со соработката на Европол, повеќе од 350 агенти учествуваа во операцијата во Мадрид, на југ во Толедо и во источната провинција Валенсија.

Четиринаесет домови и други простории биле претресени. Изворот, кој одби да биде именуван, рече дека притворениците биле Шпанци со сириско потекло.

„Организацијата е предводена од семеемн клан кој со години користел законска деловна структура за да ги скрие нелегалните операции со кои ги избегнале даночните власти и испратиле големи суми пари. Уапсените, наводно, земале пари од секоја легачна операција, заменувајќи го вистинскиот износ на операцијата со потврда со друга помала вредност”, се вели во соопштението на министерството.

Голем дел од парите отишле во провинцијата Идлиб во Сирија за финансиска поддршка на терористичката милиција таму. Роднините на осомничените, наводно, се членови на Ал Каеда.

Парите биле испратени преку разни методи, вклучувајќи курири и системот „хавала”, неформален начин на плаќање врз основа на доверба што е многу потешко да се следи од банкарските трансфери.

Еден од притворените веќе бил уапсен во Сирија во 2008 година и осуден за учество во напад и за припадност на џихадистичката група Фатах ал Ислам.

Операцијата доаѓа само неколку недели откако еден Сириец беше уапсен под сомнение за собирање пари за европските џихадисти поврзани со Исламска држава за да можат да се вратат во Европа.

Треба да знаете
Последни објави