Search

Шпанија презема стотина мигранти од брод крај Лампедуза

Шпанската влада донесе одлука да испрати брод денеска за да однесе стотина мигранти кои моментално се наоѓаат на бродот на НВО „Опен армс” во водите на Италија во близина на Лампедуза и да ги пренесе во Шпанија.

„По анализирањето на голем број различни опции, шпанската влада одлучи да испрати еден брод на морнарицата и со тоа да ја реши хуманитарната криза”, се вели во соопштението на владиниот кабинет.

Бродот треба да отплови од пристаништето Кадиз и ќе вклучува тим лекари и психијатри.

Патот до италијанскиот остров ќе трае три дена, а покрај приемот на мигрантите, бродот ќе ја придружува и НВО „Отворени раце” до пристаништето Палма на балеарскиот остров Мајорка.

Најмалку 10 мигранти скокнаа денеска од тој брод во море во обид да допливаат до Лампедуза.

Треба да знаете
Последни објави