Search

Шпанија и Италија ќе ги заверуваат визите за ЕП 2020

Нова серија натпревари од 7.коло на европските квалификации е на програмата денес. Осум натпревари од 3 групи ќе се играат на територијата на Стариот континент. Големите сили Шпанија и Италија имаат шанса официјално да ги завераат своите визи за ЕП 2020.

Во групата „Ф”, Шпанија досега има 6 победи од 6 натпревари. „Фуријата” вечерва се соочува со Норвешка во Осло. Избраниците на Роберт Морено ќе бараат нов успех за да се осигурат дека ќе завршат на едно од првите две места во групата и ќе играат во завршницата на Европското. Сепак, домаќините исто така немаат право на грешка ако сакаат да стигнат барем до второто место, што исто така дава право на учествона континенталниот собир другата година.

Во групата „Ј” ситуацијата е доста слична. Италија е со 18 бода по 6 дуели и со нова победа ќе го загарантира своето учество во ЕП . Во одредени околности, „азурите” може да си ја завери визата за Европското дури и со реми дома против Грција, но за таа цел Ерменија мора да загуби при својата посета кај Лихтенштајн.

Натпреварите од денес:

Од 15:00 часот

Грузија – Ирска

Од 18:00 часот

Данска – Швајцарија
Фарски острови – Романија
Босна и Херцеговина – Финска

Од 20:45 часот

Норвешка – Шпанија
Малта – Шведска
Лихтенштајн – Ерменија
Италија – Грција

Треба да знаете
Последни објави