Search

Шпанија започна да ја легализира евтаназијата

Строгиот закон за евтаназија ја помина првата пречка во шпанскиот парламент и покрај спротивставувањето на Католичката црква и десницата, што претставува голема победа за владејачките социјалисти кои го ветија законот пред две години, објави Себиз.

Претседателката на парламентот Мериткесел Бает рече дека се разгледува планот за прифаќање на законот.

Текстот на законот сега ќе се дискутира, а потоа следува изјаснување, кое ќе трае со месеци.

„Шпанија направи одлучен чекор во прилог на признавање на правото на достоинствена смрт“, напиша социјалистичкиот премиер Педро Санчез на „Твитер“.

Текстот на законот предвидува дека лицето кое страда од неизлечлива болест може да добие помош да умре ако тоа го побара, за да избегне неподносливо страдање.

Молбата мора да биде напишана и повторена 15 дена подоцна, и да ја прифатат двајца лекари и да ја разгледа комитетот.

„Овој пат, се надеваме дека законот ќе биде усвоен и ќе стапи на сила на крајот на годината“, вели Фернандо Марин, лекар од здружението „Право на достоинствена смрт“.

Треба да знаете
Последни објави