Search

Шпанија го ограничува рекламирањето на обложувалниците

Шпанската Влада најави дека планира да воведе најстроги регулативи во Европската Унија за ограничување на онлајн огласувањето на обложувалниците.

Рекламирањето за обложување, особено спортското, во последните години во Шпанија нагло расте и доминира во рекламите за време на фудбалските натпревари, пренесе АП.

Според министерот за потрошувачка Алберт Гарсон, планираните мерки ќе влијаат на рекламите на интернет, телевизијата и спортските настани, а  со цел запирање на околу 80 проценти од тековните рекламни огласи за обложување преку интернет.

Законот ќе ги ограничи рекламите за обложувања на телевизиите меѓу 1 и 05 часот наутро, освен за време на спортски настани, кога тие можат да бидат прикажани само по 20 часот.

За време на викендите, пак, многу фудбалски натпревари зпочнуваат пред 20 часот.

Освен тоа, на познати забавувачи или спортски ѕвезди ќе им биде забрането да учествуваат во реклами за обложување.

На обложувалниците ќе им биде забрането да им наплаќаат на спортските стадиони за да ги рекламираат, а на тимовите спонзорирани од нив ќе им биде забрането да продаваат дресови со детски големини со името на обложувалницата.

Треба да знаете
Последни објави