Search

Шпанија во јануари ќе почне со програма за вакцинација против коронавирусот

Стратегијата на Шпанија за борба против пандемијата со Ковид-19 дава резултати, рече шпанскиот премиер, Педро Санчез, за време на презентацијата на планот за вакцинација во земјата во 2021 година.

Шпанија има 400 заразени на 100.000 жители во последните 14 дена, наспроти 530 на почетокот на овој месец, рече Санчез по дводневниот виртуелен самит Г20.

Ова е доказ дека резултатите се произлезени од вонредната состојба прогласена минатиот месец, што им дозволи на регионалните власти да преземат низа мерки.

Санчез вели дека Шпанија успеала да го намали бројот на пациенти без да наметне втор карантин, како што беше случај во другите европски земји.

Тој го претстави владиниот план за вакцинирање на голем дел од своите 47 милиони жители до средината на 2021 година.

Кампањата за вакцинација е предвидено да започне во јануари, на 13.000 места во земјата.

„Пред нас се уште тешки месеци, но знаеме во која насока се движиме“, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави