Search

Шпанија воведува роботи во борбата против коронавирусот

Шпанија, земјата во која само вчера и денеска од коронавирусот починаа над 750 лица, воведува роботи за да го зголеми обемот на тестирања  и на тој начин да влијае врз исклучително тешката состојба во земјата.

Директорката на Институтот за јавно здравје Карлос Трети, Ракел Јоти изјави дека владата работи на набавката на четири роботи што можат да го покренат бројот на дневни тестирања на 80.000.

-Роботите се корисни бидејќи можат да извршуваат автоматизирано тестирање, изјави таа.

Шпанската Влада најави дека ќе го зголеми обемот на тестирања и за таа цел обезбедила 64.000 сетови, пренесе Гардијан, додавајќи дека планот е да се набават милион тестови.

Треба да знаете
Последни објави