Search

Шпанија воведе построги мерки

Шпанската влада денеска воведе построги мерки што претходно ги најави премиерот Педро Санчез.

Сите работници што не извршуваат суштински работи ќе треба да се изолираат во своите домови до 9 април, со што се ставаат дополнителни ограничувања на оние кои веќе беа воведени на 14 март кога властите прогласија вонредна состојба.

Мерките беа одобрени синоќа на вонредна седница на владата која беше свикана кога беше објавен новиот рекорден број смртни случаи од Ковид-19 во земјата, вкупно 838.

Охрабрувачки вести, пак, доаѓаат од Италија, бидејќи дневниот број на жртви паѓа трет ден по ред. Вчера починаа 756 луѓе, во саботата 889, а во петокот 919 што е рекорден број на смртни случаи од почетокот на епидемијата во Италија.

„Ова се големи промени и го отсликуваат фактот дека здравствениот систем реагира добро и дека преземените мерки се ефикасни“, рече пулмологот и владин советник Лука Рикелди.

Во меѓувреме, челник од институтот за здравствена заштита во Велика Британија, предупреди дека ќе бидат потребни шест месеци пред да се врати животот во нормала во Англија.

Треба да знаете
Последни објави