Search

Шо: Солскјер покажа дека верува во мене

Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо објасни како доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на кормилото на „црвените ѓаволи” ја оживеало неговата кариера. 24-годишниот дефанзивец објасни дека за него е многу важно што тренерот има доверба во него. На овој начин тој лесно може да го покаже најдоброто на што е способен.

– Солскјер ми помогна многу во мојот настап на теренот, но уште поважен беше неговиот став надвор од теренот, начинот на кој им помага на играчите. Тој знае што ни треба. Имав две тешки години пред да дојде. Мислам дека знаеше што ми треба. Тој навистина ми помогна надвор од теренот. Тој очигледно верува во мене и постојано ми го кажува тоа. На секој играч му е потребна самодоверба, и што е подобро од тоа тренерот да ти верува, рече Шо.

Фудбалерот потоа продолжи да го фали тренерот за сите промени што ги направи од доаѓањето на „Олд Трафорд”.

– Во моментов сум во одлично расположение и ова трае веќе некое време. Видов многу промени од кога сум во Јунајтед и морам да кажам дека Оле е виновен за многу подобрувања овде. Кога дојде, знаеше што треба да се направи, да се промени за да можат работите повторно да тргнат. Тој привлече не само добри играчи, туку и добри луѓе. Тие многу добро се интегрираа во тимот и донесоа повеќе енергија и единство, рече дефанзивецот.

Треба да знаете
Последни објави