Search

Шојгу: Русија во 2023 ќе ја прошири инфраструктурата за нуклеарно оружје

Русија ќе посвети посебно внимание на изградбата на инфраструктура за своите нуклеарни сили во 2023 година, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Тој рече дека Русија, исто така, ќе работи на подобрување на борбените способности на своите нуклеарни сили и ќе се изградат објекти за распоредување на нови ракетни системи. Русија има најголеми резерви на нуклеарно оружје во светот, со речиси 6.000 боеви глави.

Рускиот претседател Владимир Путин ги стави окупираните територии во Украина под нуклеарниот чадор на Москва и предупреди дека е подготвена да го брани „територијалниот интегритет” на Русија со сите расположливи средства. САД соопштија дека ја предупредиле Русија за последиците од можна употреба на нуклеарно оружје.

Русија и САД оваа недела требаше да одржат разговори во Каиро за нивниот постоечки договор Нов СТАРТ, со кој се ограничува бројот на боеви глави.

Но, Москва се повлече пред состанокот и ги обвини САД за „токсично антируско однесување” и обид да манипулираат со договорот во своја полза.

Треба да знаете
Последни објави