Search

Шојбле го пофали Ципрас за Договорот од Преспа

Претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле, за германскиот весник „Ди Цајт” упатува пофални зборови за грчкиот премиер Алексис Ципрас, и вели дека покажал лидерство со Договорот од Преспа и ги деблокирал односите со Северна Македонија, објавија грчките медиуми.

-Алексис Ципрас „постигна важно достигнување на политичката лидерска способност, бидејќи ги деблокираше односите со Северна Македонија”, вели Шојбле за денешното издание на неделникот „Ди Цајт” и на грчкиот премиер му припишува дека за Договорот од Преспа претрпе „политички отпор во внатрешноста” и како што истакнува весникот, е под закана на пораз на претстојните избори.

„Една од причините за тоа веројатно е и договорот за името за кој се разлутија многу Грци”, додава „Ди Цајт”, пренесува грчката новинска агенција АНА – МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Треба да знаете
Последни објави