Search

Шолак, газдата на „Ѕвездите на Гранд“, N1, Нова ТВ, Total TV има долг од 4,1 милијарди евра!?

Тотал ТВ Македонија преку платформата EON TV , и самата EON TV International безсрамно пиратираа делови од наша програма но и некои ТВ канали во целост, за што ќе следуваат соодветни поднесоци тврди канал5.

Канал 5 ТВ се сомнева дека како акт на ревашизам, нивната „сестринска“ компанија Гранд Продукција, тотално неосновано го раскина договорот со нас, и го продаде на друга македонска ТВ станица, која за жал не ги испочитува нашите известувања со предупредувања дека Канал 5 ТВ ќе стори се’ за да ги заштити своите авторски и сродни права но и правата кои ни беа неосновано одземени.

Како што јавува хрватската истражувачка платформа SEEBIZ, сопственикот на едно чудо телевизии, весници, кабелски оператори и разни ТВ платформи е во сериозни финансиски проблеми. Нивниот текст ви го пренесуваме во целост, а во наредните денови ќе одржиме прес конференција на тема ТВ пиратерија : Како одредени могули заработуваат несразмерно богатство препродавајќи комплетни или делови од програми на ТВ канали со кои немаат никакви договори за реемитување или не ги почитуваат истите.
„ЛОНДОН – Драган Шолак продава дел од својот имот поради преголем долг, кој наводно надминува четири милијарди евра.

Голдман Сакс бил ангажиран да го продаде имотот, пишува Блумберг.

На крајот на 2020 година, вкупната загуба на Јунајтед Груп беше 73,6 милиони евра. Споредено со 2019 година, кога вкупната загуба изнесуваше 59,7 милиони евра, ова е зголемување на дефицитот за повеќе од 20 проценти. Но, тоа е само врвот на ледениот брег што ја погоди компанијата на Шолак.

На крајот на деловната 2020 година, United Group забележа потрошени речиси 4 милијарди куни ( 530 милиони евра ), доколку се земат предвид обврските за долгорочни заеми, издадени обврзници, лизинг и слични финансиски аранжмани. Вкупниот износ на долгот на Јунајтед Груп на крајот на минатата година бил 4,14 милијарди евра!

Информациите за продажбата на имотот доаѓаат само неколку дена откако една од трите најголеми рејтинг агенции во светот, Мудис, го намали кредитниот рејтинг на компанијата „Адриа Мидко“, која е основач на компанијата „Јунајтед Медиа“, која го поседува и информативниот ТВ канал N1.

Мудис го промени рејтингот од стабилен во негативен, а според потпретседателот на агенцијата Агустин Алберти, компанијата има слаба ликвидност во последните 12 месеци и ќе мора да се справи со долгот што доспева во 2024 и 2025 година.“

Дополнително SEEBIZ денес јавува и дека:
„Демантирајќи ги медиумските шпекулации дека ќе го продаде телекомуникацискиот оператор „Телемач“ поради долговите, „Јунајтед Група“ денеска ни откри како ќе оди на пренамена на дел од имотот на „Телемач“ за да ги зголеми приходите на Групацијата.
Станува збор за таканаречената монетизација на телекомуникациските кули, која минатата недела ѝ беше претставена на United Group од агенцијата Moody’s како решение за нејзините финансиски предизвици, намалувајќи го кредитниот рејтинг на клучната компанија во Групацијата, Adriji Midco BV. од стабилна во негативна.

– Согласно досегашната пазарна практика, планираме да ја монетизираме нашата инфраструктура на мобилни базни станици во некои од земјите каде што работи Јунајтед Група, вклучувајќи ја и Хрватска, пренесува Јутарњи лист .

Да потсетиме, компанијата на Шолак е оптоварена со огромен долг, поради што Мудис пред неколку недели го намали својот рејтинг. Доспеваат долгови од 525 милиони евра за 2023 година и 535 милиони евра за 2024 година“

Канал 5 ТВ наскоро ќе објави серијал поврзани со овој медиумски могул, за наводни измами, за кои ние немаме докази, но пак тоа го тврдат колегите од Малта, и хрватски Национал кои работеа на т.н. случај „ Малтешки документи “ , истрага поврзана со лица за наводно затајување на данок.

Извор: канал5

Треба да знаете
Последни објави