Search

Шок во Србија: Кошаркарите загубија од Белгија откако пропуштија 14 поени предност

Кошаркарската репрезентација на Србија неочекувано зауби на гостувањето кај Белгија со 73:69 во меч од квалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година.

Србите добро го почнаа мечот и по првата четвртина водеа со 21:13, а веќе во вториот квартал стигнаа и до водство од 36:22. Гостите на полувреме водеа со 12 разлика (41:29). Србите и во третата четвртина постојано имаа контрола на резултатот и во пресрет на последните 10 минути влегоа со предност од 63:54.

Кога се очекуваше фаворитот рутински да ја одработи последната четвртина, се случи чудо. На самиот почеток дојде до прекин поради дефект на електирчната енергија, па салата остана без светло. По краткиот прекин натпреварот продолжи, но домаќините затанаа.

Со серија од 12:2, Белгија успеа да поведе со 66:65, а потоа во драматична завршница, при нерешен резултат 69:69, домаќините постигнаа тројка и тоа беше потврда за големиот пресврт. Србите во последната четвртина дадоа само шест поени, а примија дури 19.

Треба да знаете
Последни објави