Search

Шлаканица за Србија: Шпанците фуриозно против фаворитот

Репрезентацијата на Шпанија попладнево ја победи Србија со 81:69 и го освои првото место во осминафиналната група Ј.

На другиот денешен дуел од оваа група Италија го совлада Поротико по продолжение со 94:89.

Шпанија во четвртфиналето ќе игра со Полска која заврши на втората позиција во групата И, додека Србија ќе игра со првопласираната Аргентина. Србите, ако ги победат гаучосите во полуфиналето би требало да играат против селекцијата на САД, која утре треба го победи Бразил.

Кај победниците маестрален беше Рики Рубио со 19 коша, 4 асистенции и пет скока. Тој го доведе тимот на Шпанија до водство, откако „фуријта“ губеше по првата четвртина со седум разлика. Одлична партија пружи и Виктор Клавер со 14 коша и седум скока, а кај поразените единствена светла точка беше Богдан Богдановиќ со 26 коша, десет скока и шест асистенции. Разочара најдобриот српски кошаркар, Никола Јовиќ, кој постигна само 6 коша, а беше исклучен уште во втората четвртина поради неспортска и техничка грешка.

Треба да знаете
Последни објави