Search

Шкупи ја совлада Ренова во меч со многу пресврти и седум голови

Во најинтересниот натпревар од 6. коло во Првата македонска фудбалска лига, Шкупи ја совлада Ренова со 4:3. „Чаирчани” во првото полувреме водеа два пати, Ренова изедначуваше. Во второто полувреме „гипсарите” за првпат поведоа, но Шкупи до крајот постигна два гола за конечен триумф.

Пелистер и го нанесе шестиот пораз на Беласица, Шкендија и Борец до трите бода стигнаа со идентични победи.

Постигнати резултати на неделните средби од 6.коло во ПМФЛ:
Беласица – Пелистер 0:2
Шкендија – Академија Пандев 2:1
Шкупи – Ренова 4:3
Силекс – Борец 1:2.

Играно вчера:
Македонија ЃП – Вардар 2:1
Работнички – Струга Трим Лум 1:1.

Табела Шкендија 14 бода, Шкупи 13, Борец 11, Силекс 10, Македонија ЃП 10, Работнички 9, Пелистер 9, Вардар 7, Ренова 5, Академија Пандев 3, Беласица 0. 

Треба да знаете
Последни објави