Познати се сите противници на нашите екипи во првото квалификациско коло во Лигата на Европа.

Шкупи ќе ги одмери силите со Нефчи, тим од Азербејџан, Ренова ќе игра против ерменскиот Алашкерт а на Шкендија и се падна Сумгаит од Азербејџан.

Сите три македонски екипи ќе бидат гости во првото квалификациско коло во Лига Европа.

Мечевите како што е познато се играат на 27 август.