Search

Шкупи и Силекс без „муниција“ во дербито, Шкендија им се врати на победите

Шкендија по две ремија се врати на победите, откако триумфираше со 3:1 на гости кај Победа, додека шампионот Шкупи повторно не успеа да постигне гол, во дербито против Силекс (0:0).

Победа дојде во водство во 12. минута преку Србинот Огњен Ѓурковиќ, но тетовци успеаја да израмнат во финишот на полувремето со голот на Љупче Дориев кој во судиското продолжение го постави и конечниот резултат, откако Аденис Шаља во 53. минута го најви резултаскиот пресврт.

Во Чаир пак,  Шкупи не успеа да го совлада незгодниот Силекс, со што кратовци остануваат на второто место на табелата со 15 поени, колку што има и Шкендија, и дури 10 зад лидерот Струга. Тиквеш, пак, со 1:0 победата нд Скопје, останува на четвртото место на табелата со 13 поени, пред Шкупи со 12 поени.

ПРВА ЛИГА, 9. КОЛО

Победа – Шкендија 1:3 (1:1)

Ѓурковиќ 12 – Дориев 45, 90+2, Шаља 53

Шкупи – Силекс 0-0

Тиквеш – Скопје 2:0 (1:0)

Темелков 25, Мишов 81

ВЧЕРА

Македонија ЃП – Струга Трим Лум 1:1 (0:0)

Алексовски 86 – Шабани 61

Брегалница – Работнички 1:3 (0:1)

Ѓокиќ 63 – Велкоски 25 п., 89, Рушевиќ 76

Слободна е екипата на Академија Пандев

ТАБЕЛА:Струга Трим Лум 25 бода (9 одиграни меча), Шкендија 15 (8), Силекс 15 (8), Тиквеш 13 (9), Шкупи 12 (8), Брегалница 11 (8), Работнички 10 (8), Македонија ЃП 9 (8), А. Пандев 7 (8), Победа 4 (8), Скопје 4 (8)

Треба да знаете
Последни објави