Search

Шкотските националисти не го сакаат Џонсон за премиер

Шкотските националисти изјавија дека ќе ја поддржат „прогресивната политика“ доколку резултатот на изборите биде „обесен“ парламент, односно малцинска или коалициска влада.

На прашањето дали Шкотската национална партија (СНП) ќе ги поддржи лабуристите со цел Џереми Корбин да формира влада, лидерот на СНП во Вестминстер, Иан Блекфорд, за ИТВ изјави: „Ние едноставно не сакаме Борис Џонсон да биде премиер“, пренесува „Ројтерс“.

„Ние ќе ја поддржиме прогресивната политика“, рече Блекфорд, додавајќи:

„Но, едноставниот факт е: секој, Џереми (Корбин), Борис (Џонсон) или кој било друг мора да ја почитува Шкотска и мора да ги почитува гласовите на Шкотите кои бараат да имаме право да ја одредиме нашата иднина.“

Блекфорд, исто така, рече дека нема да има формална коалиција со која било друга партија, постојано избегнувајќи го прашањето дали ќе ја поддржат владата на лабуристите.

Треба да знаете
Последни објави