Search

Школската година може да не почне на 1 септември

Се додека не се формира Владата, нема да стартува ниту новата учебна година- велиАрбер Адеми. Генералниот став на МОН е училиштата да ги отворат вратите за учениците, односно образовниот процес да се одвива со физичко присуство, но гласните препораки од претставниците на ресорното министерство, како и од Комисијата за зарасни болести се однесуваат на намалување на времетреањето на училишните часови, а за да биде така, треба да се направат законски измени.

-Се додека не се формира Влада и функционално Собрание не може да стартува учебната година со одредените измени кои ги препорачуваме и ние, како Комисија за заразни болести и Министерството за образование. За да се скратат часовите, малиот одмор, големиот одмор, мора да се направат законски измени, а за да биде така мора да имаме Влада и секако Собрание. Дури да се донесе и препорака наставата да биде онлај е потребно законски тоа да се регулира. Сите имени што ги правевме во март, април мај, сето тоа го правеше техничката Влада, но сега ситуацијата е поинаква- вели Адеми.

Треба да знаете
Последни објави