Search

Шкендија сонува сензација против апсолутниот фаворит Тотенхем

Последниот македонски фудбалски претставник на меѓународната клупска сцена тетовска Шкендија во добра форма го дочекува вечерашниот дуел (20 ч.) со апсолутниот фаворит, англискиот премиерлигаш Тоенхем, кој ќе го игра за првпат сезонава во ова натпреаврување како домаќин во Скопје, во рамките од третото квалифиакциско коло од Лига Европа. Шкендија сонува сензација против англискиот Тотенхем.

Тетовскиот тим во новата сезона веќе нанижа две европски победи на гостувањата кај Сумгајит во Азербејџан и Ботошани во Романија, а не знае за пораз и на домашната сцена во Првата лига. Со вакви статистички показатели Шкендија иако е аутсајдер, со голема желба за да го приреди најголемото изненадување го дочекува тимот на трофејниот португалски стратег Жозе Мурињо, кој пак од својот поранешен играч Горан Пандев, кој му беше дел од четата со која ја покорија Европа како дел од екипата на италјанскиот Интер, барал подетални информации за потенцијалот на тетовските „црвено-црни“.

Шкендија изминативе сезони стасуваа на прагот од групната фаза, но никако не го пречекори.  Исклучок е минатата сезона која беше катастрофална со елиминација од просечните состави на Номе Каљу и Дуделанж. Претходно Шкендија три пати играше во плејофот, ама не ги прескокна последните препреки Гент, Милан и Розенборг.

Сега пред Шкендија во 3. квалифиакциско коло е Тотенхем со кого пресметката ќе биде во еден меч и ќе се игра пред празни трибини поради пандемијата со коронавирусот.

Шкендија не смее да се отпише предвреме. Тотенхем во претходната рунда беше на работ на елиминација од  бугарскиот Локомотив Пловдив. Бугарскиот тим водеше до самиот финиш, но доби два црвени и прими два гола. Шкендија одигра машки со Ботошани и ги замолкна сите кои ѝ предвидуваа елиминација, но и си ја наполни касата за дополнителни 280.000 евра со пласманот во третата рунда. Жозе Мурињо не го памети Скопје по добро. Португалецот го предводеше Манчестер јунајтед против Реал Мадрид во Суперкупот на УЕФА, кој „ѓаволите“ го загубија (1:2).

Треба да знаете
Последни објави