Search

Шинејд О’Конор: Принс ме бркаше и се обиде да ме повреди

Шинејд О’Конор вели дека при една вечерна средба, Принс се обидел физички да ја нападне во видно пијана состојба во својот дом во Лос Анџелес, јави „Сан”.

Имено, ирската пејачка тврди дека во таа прилика тој ја бркал во дворот со перница, „наполнета со нешто тешко”, со цел да ја удри. И, нагласува дека за неа тоа е многу страшен спомен.

Прашана за врската со починатиот пејач, во ТВ интервјуто, таа вели дека се сретнале еднаш, но „не се разбирале многу добро”, па ќе настанела тепачка.

– Е па, тој се обиде да ме совлада, а јас се заштитував. Ова не е шега, воопшто не е шега, всушност беше многу страшно искуство, вели пејачката.

Според неа, караницата настанала кога одбила тој да ѝ кажува што да прави.

– Не му беше пријатно што не сум негово протеже, истакнува Шинејд.

Пејачката, инаку најпозната по својот хит „Nothing Compares 2 U” од 1990 година, вели дека не е единствена која Принс ја нападнал.

– Едно од девојчињата од неговата група беше в болница поради скршени ребра, додава Шинејд.

Принс почина на 57-годишна возраст, во домот Пејсли Парк на 21 април 2016. Резултатите од аутопсијата откриваат дека тој починал од случајно предозирање со фентанил – наркотик 50 пати помоќен од хероинот.

Треба да знаете
Последни објави