Search

Шилегов: Што не отидоа на галиите да прават средба или на плажите на Вардар?

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов даде свој коментар во врска со средбата која Гордана Силјановска-Давкова ја одржа во паркот Ибни Пајко.

,,Се чудам, што не отидоа на галиите да прават средба ? Или на плажите на Вардар ? Зашто баш во парк Ибни Пајко отидоа ? Сигурно им се свиѓа, ама ете, суети, па не сакаат да признаат.

Се надевам дека барем им текнува каков хаос од див пракинг беше ова место до пред една година …

П.С. За колите што се на диво влезени, известено е МВР. Бидејќи знам дека НаЧе нема да ви пише казна, јас ќе се потрудам да бидете казнети. Законот е еднаков за сите, нели професорке ? Или не знаете дека е забрането во парк со возила да се влегува ?

П.П.С. Пазете на некоја шајка да не седнете

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3298309170393658&set=a.1485117945046132&type=3

Треба да знаете
Последни објави