Search

Шилегов: Со овие проекти го решаваме сообраќајот во скопје за следните 50 години

Скопје за 4 години од сега ќе биде побогато за 2 нови моста, на Љубљанска и на АСНОМ. Клучката кај Момин Поток заедно со клучката кај бул. Словенија (кој го продолжуваме до Ново Село и Волково) и бул. Хасан Приштина е капитален проект каков што не е направен во последните 40 години во нашиот град, исто ќе биде завршена, кажа денес градоначалникот на Скопје Петре Шилегов по прашањето да ги наброи предвидените решенија во инфраструктурата сообраќајот и јавниот превоз.

– Со изведбата на булеварите Хрватска и Словенија го затвораме северниот сообраќаен прстен во градот, а со изградбата на тунелите на бул. Македонија под Лимак и новите кружни текови кај Нова Македонија и кај бул. Кочо Рацин и улиците Антон Панов и Бихаќка, го решаваме сообраќајот во Скопје за следните 50 години, додаде Шилегов.

– Јавниот сообраќаен превоз ќе биде целосно трансформиран со воведување на БРТ системот на брз автобуски превоз, тоа ќе доведе до изградбата на најголемата пешачка зона во Европа сместена во центарот на градот, нагласи Шилегов на крајот од неговиот одговор на прашањето од интервјуто за Нова ТВ.

Треба да знаете
Последни објави