Search

Шилегов: Прекините на водоснабдувањето во Аеродром ќе бидат минато

Шилегов: Прекините на водоснабдувањето во  Аеродром ќе бидат минато

Градоначалникот Шилегов и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски  денеска извршија увид во градежните работи за поставување вововодна цевка што ќе ги реши проблемите со водоснабдувањето  во Аеродром.

Прекините на водоснабдувањето во  Аеродром ќе бидат минато за граѓаните на оваа општина.  Непланскиот развој и нејзината брза урбанизација, за жал не ја следеше и изградба на соодветна инфраструктура, токму заради тоа во изминатиот период граѓаните на општина Аеродром и дел од Кисела Вода имаа проблем со водоснабдувањето.Со поставување на цевката со пречник 400очекуваме во целост да им ги решиме проблемите со прекините во водоснабдувањето на жителите во општина Аеродром и Кисела Вода, особено на тие што живеат на погорните катови на висококатниците во Аеродром– истакна Шилегов.

Оваа водоводна линија поврзува две општини во Скопје, Аеродром и Кисела Вода.

Град Скопје и ЈП Водовод и канализација и во иднина ќе се грижат за вистинските интереси на граѓаните. Ќе инвестираме во нова водоводна и канализациона мрежа за да обезбедиме поквалитетни услуги на нашите сограѓани. Ќе продолжиме и понатаму парите од даноци и комуналии да ги користиме за решавање на клучните проблеми на граѓаните кои беа запоставувани во изминатиов период од претходната градска администрација – порача Шилегов.

Тој додаде дека Град Скопје не смее во 21-ви век да се соочува со ваков тип на проблеми како последица од непланската урбанизација и дека само со одговорно планирање на урбанизацијата на градот во иднина ќе се спречат ваквите проблемите кои го попречуваат нормалното функционирање на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави