Search

Почна асфалтирањето на булеварот „Киро Глигоров“

Драги скопјанки и скопјани, Скопје го менува својот лик. Скопје стана град кој ги поврзува своите граѓани. Булеварот Киро Глигоров е еден од симболите на тоа поврзување. Денес започнуваме со асфалтирање на бул. Киро Глигоров на потегот од мостот Близнак до крстосница со ул. Перо Наков“, соопшти градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција.

Откако Град Скопје заврши со поставувањето на атмосферска и фекална канализација, денес веќе се финишира и со коловозот во должина на трасата од 682 метри. За оваа реконструкција од Буџетот на Град Скопје се одвоени 110,4 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот на изведба е 9 месеци.

„Тој рок започна да тече во јули, а требаше да заврши идната пролет. Како што гледате, ние планираме да завршиме многу побрзо од тоа. Сакам да им се заблагодарам на моите сограѓани за покажаното трпение и разбирање за неопходноста од реконструкциите кои се интензивираат во овој период од годината, ама треба да знаат дека оваа улица е исклучително фреквентна од причина што ја поврзува скопската општина Гази Баба со Аеродром и Кисела Вода“, кажа градоначалникот Шилегов.

Само за потсетување пред само 3 години по должината на целиот булевар беше изградена и велосипедска патека, која заедно со велосипедската патека на бул. Србија, како и оние на бул. Јане Сандански, АСНОМ и Александар Македонски, претставува важен велосипедски коридор кој ги поврзува Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода.

„Изградбата на мостови и улици кои поврзуваат, кои обединуваат не смее да запре. Изградбата на европско, урбано и зелено Скопје мора да продолжи. Драги скопјанки и скопјани, Вие граѓаните сте силата на овој град, и само вие одлучувате во каков град ќе живеете. Иднината на Скопје е во ваши раце. Ајде да се обединиме затоа што имаме иста цел – силно, единствено Скопје, во кое се живее достоинствено. Да дадеме поддршка за Скопје кое ги поддржува младите да градат семејства тука и кој силно вложува во здрава иднина, чист воздух и модерна инфраструктура. Вашата сила, драги скопјанки и скопјани, е вашиот глас. Излезете на изборите и изберете силно Скопје, Скопје кое се гради, кое расте, Скопје кое го продолжува својот пат меѓу најразвиените градови во Европа“, потенцираше градоначалникот Шилегов.

Треба да знаете
Последни објави