Search

Шилегов: Не постои политичка партија која тврди дека треба да имаме избори по секоја цена

Петре Шилегов за ТВ 24 вели дека не постои политичка партија која тврди дека треба да имаме избори по секоја цена.

– Ние за жал се наоѓаме во една меѓу ситуација. Беше распуштено Сообранието, беа распишани изборите и некаде во роковите кои што течат десетина ден пред изборната кампања фати епидемијата со КОВИД-19. Сега имаме две ситуации: Или ако дозволува епидемиолошката слика да одиме на избори, затоа што не можеме да имаме влада со вонредна состојба без парламент, такво нешто не постои во Европа, а не сме тука по наша желба. Или ако се согласиме дека немаме услови да се одржат изборите, што во моментов не може никој да го донесе како проценка, тогаш треба да ја вратиме на сила политичката влада. Тоа ни стои на располагање. Ако како општество сме се согласиле да имаме техничка влада за спроведување избори, а тоа е невозможно поради здравствената состојба, тогаш да ја вратиме назад функцијата на Собранието на РСМ, за да не се дозволи да имаме влада која никој не ја контролира.

Треба да знаете
Последни објави