Search

Шилегов: Нема да дозволиме некој од МКЦ да направи расадник

На денешната прес-конференција во МКЦ градоначалникот Шилегов ги коментираше најавите на Данела Арсовска да прави центар за младинско претприемништво во најголемата градска културна институција.

„Нема да дозволиме некој од МКЦ да направи Расадник“ изјави Шилегов, дообјаснувајќи се: „МКЦ е културна институција и е една од најдобрите во нашиот град. Разбирањето на градот, разбирањето на системот и општото разбирање на проблематиката на градот е нешто што секој кандидат треба да го има ако сака да биде градоначалник, а не пак да помислите од МКЦ да правите сала Расадник.

Арсовска во својата програма предвидува центар за младинско претприемништво во МКЦ – дејност којашто не е својствена за неговата мисија и основање. МКЦ отсекогаш бил културна институција за младите и децата во Скопје, а не бизнис инкубатор, или хаб за младинско претприемништво. Во него функционира галериски простор, киносали, концертни сали, планетариум и детски креативен центар и неговото мешање со бизнис активности и канцелариско работење може да го убие духот на институцијата и нејзино целосно пропаѓање како во случајот со Расадник, каде наместо со спорт, Данела Арсовска менаџирала со свадбени ресторани, кафулиња, сместувачки капацитети и дискотеки.

Треба да знаете
Последни објави