Search

Шилегов и екипите на градот се на терен по невремето во Скопје

Градоначалникот Шилегов и екипите на градот се на терен по невремето во Скопје

Од силниот ветер кој вечерва го зафати Скопје откорнати се покриви на згради на повеќе локации низ градот. Исто така паднати се и дрвја на повеќе локации.

Булеварот Партизански одреди во Карпош 4 е блокиран од покриви кои се откорнати од околните згради.

Градоначалниците на Град Скопје и Општина Карпош Петре Шилегов и Стефан Богоев на своите фејсбук профили напишаа дека екипи се веќе на терен и работат на расчистување на  штетите и справување со невремето.

„Секој поединечно, да внимава пред се’ за својата лична безбедност, но и безбедноста на другите луѓе и имоти“, напиша градоначалникот Шилегов на својот фејсбук профил.

Според најавите од Хидрометеоролошкиот завод ветерот ќе достигне брзина од 70 километри на час.

 

Треба да знаете
Последни објави