Search

Шилегов: Големите празници треба да ги славиме сите заедно

 

По гласното размислување на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, дека треба да се размисли за поместување на датумот за празнувањето на Божиќ заедно со верниците од католичката вероисповест, пред новогодишните празници, се огласи МПЦ со негативен одговор. Денеска скопскиот „татко“ Шилегов повторно го имаше истиот став по ова прашање. Тој смета дека  православните верници во Македонија треба да ги слават големите христијански празници како Велигден и Божиќ заедно со припадниците на католичката и протестантската верска заедница.

– Во Христијанството не се слават датумите, туку Бог. Тогаш ирелевантен е датумот. Она што јас лично го размислувам е дека тој тип на големи празници треба да ги славиме сите заедно. Во што верувате вие – Во датумот, или во Господ?. Тоа е прашањето што секој треба да си го постави. Освен ние, Србија и Русија не постои друга држава што го применува Јулијанскиот календар во пресметувањето. Јас немам намера да влезам во расправија со МПЦ или со Синодот. Секој си има свое мислење, рече Шилегов.

Шилегов ваквиот свој став го изнесе јавно откако минатата година новогодишната програма во Градот се покажала како неинтересна по Нова Година, односно во периодот до 7 јануари кога се празнува Денот на Христовото раѓање – Божиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави