Search

Шилегов: Автобус кој што кошта 300 илјади евра кој собира 96 патници е се, само не стандард

Шилегов: Автобус кој што кошта 300 илјади евра кој собира 96 патници е се, само не стандард

Системот на јавниот транспорт во моментов одговара за патници од осумдесетите години на минатиот век. Тоа е за мене недозволива ситуација, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во дебата со неговиот претходник, Коце Трајановски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

„Јас како градоначалник можам да отидам кај претседателот на Владата. Веројатно и тој тоа го правел во минатото, но донесоа двокатни автобуси со еуро 4 дизел. Просечната брзина на автобус заради застарениот систем, немањето концепт е 13 километри на час. Она што се базира на студијата почната од господинот Костовски, продолжена веројатно од господинот Трајановски, во чие време имаше неуспешен обид за јавно-приватно партнерство за една линија на трамвај. Студиите велат дека градовите од 500 илјади до милион жители се трамвајски градови. Ако немате пари, набавувате трамвај без шини. Мојата желба како градоначалник е Скопје да го донесеме во 21 век, да го денесеме овој трамвај, кој ќе користи водород. Ако се покаже како неисплатливо, ќе одиме со друга варијанта. Постапката е почната и јас очекувам дека господинот Трајановски ќе се заложи и во својата партија од страна на пратеничката група во Собранието на Република Северна Македонија пред распуштање да се донесе оваа постапка“, рече Шилегов.

Трајановски возврати дека градот во 2016 година добил втора награда за мобилност од ЕУ, заедно со Лисабон.

„Градот Скопје во 2016 година доби втора награда за мобилност од ЕУ, заедно со Лисабон. Ја добив јас лично од министерот за транспорт и врски во Европската Унија. Воведовме субвенција на печки на пелети. Воведовме центар за контрола на управување на сообраќај. 90% од сообраќајниците се употребуваат од еден центар. Тој има адаптивна контрола со променливо време на зелено светло. Имаше на секоја раскрсница мерачи на возила, кои во зависност од кој смер има повеќе возила има подолго зелено светло. Јавниот сервис и приватниот сервис сега користат исти карти, тоа е револуција. Ние сме едни од ректите кои со мобилен телефон може да платиме. Имам замерка на спотот кој не најавувавте мене и Шилегов, кажавте дека сум најавувал електрични автобуси, а сум донел кинески автобуси. Не е точно, најавив такви автобуси во програмата во 2017 година“, рече Трајановски.

Градоначалникот Петре Шилегов истакна дека тој бара нови, модерни автобуси, а некако Трајановски, кој побарал било какви, само да има нови автобуси.

„Купивме МАН, вас ви се сони визијата колку ќе биде голема компанијата, па купивте автобуси од Јутонг. Вие не сте отишле кај Груевски да му кажете не ги бива, дајте да купиме поубави автобуси, што собираат повеќе граѓани. Сега имам по 10-11 автобуси стари и не одам кај премиерот да речам „дај шта даш“, туку му викам ми треба тоа и тоа“, рече Шилегов.

Трајановски возврати дека градот добил 315 нови автобуси со последен европски стандард.

„Автобус кој што кошта 300 илјади евра кој собира 96 патници е се, само не стандард. И тогаш постоеја нископодни, единечни или зглобни кои собираат повеќе патници. Сме ги платиле по 300 илјади евра. МАН-овите сега ги купуваме поевтино“, нагласи градоначалникот Шилегов.

Треба да знаете
Последни објави