Search

Шиитскиот поглавар предупредува за граѓанска војна во Ирак

Ирачкиот шиитски поглавар ајатолахот Али ал-Систани денеска предупреди за можноста од граѓанска војна во земјата, ден по насилството за време на кое безбедносните сили убија 40 лица во Багдад и јужните провинции и ги повика пратениците да размислат за поддршка на владата.

И покрај вчерашното крвопролевање, безбедносните сили денеска убиле уште тројца демонстранти, а раниле осуммина, кои користеле борбена муниција во јужниот град Насирија.

На проповедта во градот Наџаф, Ал-Систани рече дека парламентот, кој ја избра владата на премиерот Адил Абдул-Махди, треба да ги разгледа опциите што му се на располагање.

Ал-Систани рече дека демонстрантите треба да направат разлика помеѓу оние што мирно протестираат и оние што се обидуваат да предизвикаат насилство, откако зградата на ирачкиот конзулат во Наџаф беше запалена.

Ирачките безбедносни сили вчера убија најмалку 40 антивладини демонстранти во Багдад и јужните градови Наџаф и Насирија, а насилството продолжи и денеска.

Треба да знаете
Последни објави