Search

Шефот на романските социјалдемократи ја тужи Европската комисија

Ливиу Драгнеа, претседателот на романската владејачка социјалдемократска партија ја тужи Европска комисија поради истрага за корупција против него.

Драгнеа беше осуден на три и пол години затвор во Романија во 2018 година откако Европската канцеларија за борба против корупција (ОЛАФ), го обвини за злоупотреба на европски фондови. Романското обвинителство и ОЛАФ сметаат дека Драгнеа злоупотребил 21 милион евра преку фирмата за изградба на патишта „Тел Друм”.

Поради оваа пресуда му беше забрането на првиот човек на романските социјалдемократи да стане премиер на државата.

Драгена вчера реплицираше со отворање тужба против ЕК пред Европскиот Суд за Правда, но за сега нема повеќе детали за оваа процедура. ЕК за сега не ја коментираше тужбата.

Романија го презеде претседателството со ЕУ на 1 јануари годинава, во контекст на силни критики од европските институции кои ја обвинуваат земјата за назадување во областа на владеењето на правото и борбата против корупција. Најистакнатите фигури на антикорупциското обвинителство беа отстранети на контроверзен начин во текот на изминатата година. Антикорупционерите во Романија обвинуваат за политичка хајка.

Треба да знаете
Последни објави