Search

Шефот на МотоГП го повика Лоренцо да донесе одлука за неговата иднина

Шефот на МотоГП, Кармело Еспелета го повика трикратниот шампион во кралските трки, Хорхе Лоренцо, да одлучи за својата иднина, бидејќи неговиот настап со Хонда изгледа тажно.

Лоренцо се мачеше да се прилагоди на машината, а по неговата повреда во Холандија во јуни, се квалификуваше надвор од првите 15 и во повеќето случаи завршуваше околу истото место.

Во Австралија, Лоренцо стави крај на серијата од четири трки без освоени поени, благодарение на финишот на 14-торо место. Во Малезија, сепак, тој повторно покажа неспособност да го контролира својот мотоцикл и заврши со повеќе од една минута зад својот тимски колега – веќе осумкратен шампион Марк Маркез.

– Мислам дека Лоренцо треба да донесе одлука. Го познавам добро и ми се допаѓа, но тој треба да размисли што сака во животот. Ако реши дека неговиот грб навистина многу го боли по инцидентите, што ги претрпе, Хорхе мора да размисли дали воопшто може да се опорави и да биде повторно тој пилот, што сите го знаеме одпорано. Не сакам да го гледам како завршува 19-ти, тажно е , рече Еспелета.

Треба да знаете
Последни објави