Search

Шефот на италијанската дипломатија утре во посета на Албанија

Италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Луиџи ди Мајо,утре ќе допатува во посета на Албанија.

За време на престојот, италијанскиот министер ќе се сретне со претседателот, Илир Мета и со премиерот и министер за надворешни работи, Еди Рама.

На крајот од средбата планирана е заедничка прес-конференција со премиерот Рама.

Министерот Ди Мајо, исто така, ќе го посети кампот со шатори, во близина на градот Вора,каде се сместени албански граѓани кои останаа без домови, како последица од земјотресот, што земјата ја погоди утрото на 26 ноември.

Тој ќе присуствува на церемонијата на донирање на неопходну специјални средства за спасување при природни непогоди и вонредни ситуации донирани од италијанските власти.

Италјански спасувачки екипи уште веднаш по земјотресот се вклучија во операците за спасување,заедно со екипи од повеќе земји,меѓу кои иод Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави