Search

Шефот на грчката дипломатија Дендиас утре во посета на Тирана

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, утре ќе престојува во посета на Тирана.

Првата негова средба ќе биде со домаќинот,овластениот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај,а според најавата ќе се сретне и со премиерот Еди Рама и шефот на државата Илир Мета.

Според албанските медуми една од главните теми на средбите ќе биде прашањето за морската граница меу двете земји.

Дендијас пред неколку дена рече дека ова прашање бара да се реши што е можно побрзо, дека се надева на продолжување на дијалогот меѓу Албанија и Грција околу овој договор, притоа истакнувајќи дека решавањето на старите проблеми е исто така во интерес на Албанија, со оглед на европската перспектива.

На самитот „The Economist”во Атина, на 16 октомври албанскиот премиер Еди Рама рече дека „ ќе побара ова прашање да го реши трета страна,било да е тоа и меѓунарорниот суд”.

Дебатата околу прашањето за морската граница се врати по изјавата на гечкиот премиер Кириакос Мицотакис во грчкиот парламент дека територијалните води неговата земја ќе ги прошири со 12 милји во Јонско Море.

Оваа негова зјава предизвика лавина реакции, во кои премиерот Рама го обвинуваа за предавство,но тој рече дека нема никаков договор за тоа.

Договор за морската граница беше потпишан во пролетта 2009 година во Тирана, од тогашните шефови на дипломатиите Дора Бакојани и Љуљзим Баша, но Уставнот суд на Албанија го оцени како неуставен.

Треба да знаете
Последни објави