Search

Шефот на вооружените сили: Ако го нападнете Иран, ќе бидете поразени

Висок ирански воен претставник изјави денеска дека оние што се обидуваат да го нападнат Иран ќе се соочат со пораз, еден ден откако претседателот Хасан Рохани рече дека земјата сака мир и стабилност.

Соединетите Држави, Саудиска Арабија и европските сили го обвинија Иран дека стои зад нападот врз нафтениот објект „Сауди Арамко“ на 14 септември, додека Иран негира каква било врска со настанот, за кој одговорноста ја презедоа јеменските бунтовници Хути.

„Повеќе пати им кажувавме на нашите непријатели дека секое насилство врз нашата земја ќе наиде на одговор што веќе го видоа американските беспилотни летала и англиски танкер. Резултатот од нападот врз Иран ќе биде заробеништво и пораз “, рече шефот на иранските вооружени сили, Мохамад Бакери, пренесува „Ројтерс“.

Тој истакна дека неговата земја не е непријателски настроена кон Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати и дека тие земји треба да се држат до Иран за да се одржи мирот во регионот.

Треба да знаете
Последни објави