Search

Шефот на Барса со вести за тренерската позиција во клубот

Претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу изјави дека тренерот на каталонците, Кике Сетиен, ќе остане на кормилото на тимот следната сезона, и покрај тоа што тимот веројатно ќе биде детрониран од Реал Мадрид во Ла Лига, додавајќи дека не жали за отпуштање на Ернесто Валверде во јануари.

Валверде ја водеше Барса до последователни титули во лигата и неговиот тим беше на врвот со гол разлика, кога беше ослободен од тренерската позиција и беше заменет со Сетиен, кој не настапува на очекуваното ниво. Надежите на „Блаугранас” за титулата се намалија по ремито со Севиља, Селта и Атлетико Мадрид, при што тимот заостанува зад Реал со четири поени на четири кола пред крајот.

– Сетиен очигледно ќе остане на функцијата. Во оваа фаза јас сум целосно задоволен од тоа како тимот се разви во последните 2-3 натпревари – ги гледаме подобрувањата што ги направи Сетиен. Не жалам за мојата одлука да го отпуштиме Валверде, ни требаше подобрување и Сетиен излезе со нови идеи, изјави Бартомеу за радио „Рац1″.

Неговата изјава доаѓа по убедливиот успех на Каталонците во гостувањето кај Виљареал со 4:1 во последното коло од Ла Лига.

Треба да знаете
Последни објави