Search

Шефилд Јунајтед повторно го сруши трансфер рекордот на клубот

Шефилд Јунајтед го привлече Лус Мусе од Борнемут за рекорден трансфер, потврдија од повратникот во фудбалската елита на Англија. 23-годишниот напаѓач потпиша договор за три сезони со „сечилата”. Британските медиуми објавија дека износот на трансферот платен од страна на Јунајтед бил над 10 милиони фунти.

Французинот е петто ново засилување на Шефилд за летото 2019 година. Тимот го сруши рекордот за најскап клубски трансфер по трет пат во овој трансфер прозорец.

– Лис е голем, брз и е различен тип фудбалер кој може да игра на врвот на нападот. Неговото привлекување е фантастична работа за нас и очекуваме наскоро да се приклучи на составот, изјави менаџерот на Шефилд Јунајтед, Крис Вајлдер.

Треба да знаете
Последни објави