Search

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и  205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-60, Куманово-13, Дебар-17, Штип-10, Прилеп-2, Тетово-13, Струга-12, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-23, Струмица-1, Крушево-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-1, Свети Николе-29, Кичево-7, Ресен-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица од: Скопје-113, Куманово-28, Дебар-8, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-40, Струга-52, Велес-1, Охрид-57, Кавадарци-1, Гостивар-8, Крива Паланка-4, Кочани-1, Пробиштип-1, Валандово-2 и Ресен-4.
Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје и два од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години. Во ОБ Гостивар е почината пациентка на возраст 80 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.777, бројката на оздравени пациенти е 3.960, на починати е 368, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.449.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3716, активни 1871
• Куманово 831, активни 164
• Дебар 137, активни 76
• Штип 421, активни 161
• Прилеп 291, активни 59
• Тетово 844, активни 324
• Струга 300, активни 147
• Велес 201, активни 38
• Битола 68, активни 27
• Охрид 219, активни 133
• Кавадарци 23, активни 15
• Гостивар 211, активни 128
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 19, активни 11
• Крива Паланка 18, активни 8
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 9, активни 5
• Кочани 76, активни 16
• Пробиштип 32, активни 20
• Демир Хисар 5, активни 4
• Македонски Брод 8, активни 6
• Пехчево 6, активни 2
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 5, активни 2
• Свети Николе 88, активни 81
• Кичево 65, активни 56
• Ресен 132, активни 87
• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 59 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, две деца позитивни и едно дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се четири пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 112 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 323
• Аеродром – 162
• Бутел – 146
• Гази Баба – 200
• Центар – 146
• Карпош – 147
• Сарај – 128
• Кисела Вода – 108
• Ѓорче Петров – 107
• Студеничани – 116
• Шуто Оризари – 86
• Арачиново – 45
• Илинден – 31
• Петровец – 17
• Чучер Сандево – 16
• Сопиште – 8
• Зелениково- 13
• Странец – 5
• Нераспределен- 67

Треба да знаете
Последни објави