Search

Шест промени кои можат да бидат знак дека партнерот ве изневерува

Постојат знаци кои укажуваат дека партнерот ве изневерува, некои се очигледни, а некои не. Овие неколку промени во врската можат да укажат сигнализација дека партнерот можеби ве изневерува.

 

1. Го крие телефонот

Ретко го остава мобилниот на маса, постојано му е во рацете и често го погледнува или се јавува на повици кои доаѓаат во непристојно време во денот или ноќта. Знак кој не треба да го игнорирате.

2. Ве обвинува

Вашиот партнер често ве обвинува за љубомора и зборува дека нешто криете од него? Парадоксално, но ова е многу чест образец на однесување на прељубник бидејќи се обидуваат да ја префрлат вината на партнерот, поради чувство на вина за тоа што го прават.

3. Тишина и замисленост

Отсекогаш добро сте функционирале и сте имале бројни теми на разговор, а сега е тоа изменето.

4. Се средува и дотерува

Вашиот партнер никогаш не сакал да се средува, но сега одеднаш тоа е променето? Ако минува многу време пред огледалото и подолго време бира што ќе облече, тоа може да биде лош знак.

5. Се задржува на работа

Ако вашиот партнер почнал подолго да останува на работа, често оди на деловни патувања или троши повеќе пари на излегување, време да обрнете внимание каде, со кого и како вашиот партнер го минува времето.

6. Траги на облеката

Ова е еден од најочигледните знаци, но жените често го игнорираат и сами си даваат бројни оправдувања и образложенија. Сепак, обрнете внимание на тоа дали вашиoт партнер мириса поинаку или има необични траги по телото.

Треба да знаете
Последни објави