Search

Шест производители на бела техника казнети во Франција со 189 милиони евра оти договарале цени

Француската државна агенција за пазарна конкуренција казнила шест големи производители на бела техника со 189 милиони евра бидејќи ги договарале цените на фрижидерите и машините за перење на тамошниот пазар. Станува збор за Whirlpool, Candy, Electrolux, Indesit, Eberhardt Freres и групацијата BSH во чиј состав се, меѓу другите, Bosch i Siemens. Целта била да се задржат купувачите од налетот на конкуренцијата од Азија, односно Samsung и LG. Тужбата против компаниите била покрената во 2012 година.

– Шестте производители имале меѓусебна консултација на тајни средби меѓу јануари 2007 и мај 2008 година за препорачаните цени на мало, се вели во решението на Агенцијата која го оценила прекршокот како хоризонтална спогодба.

Казнетите компнии држат околу 70 проценти од францускиот пазар на фрижидери и апарати за домаќинство. Агенцијата открива дека споменатите компании соработувале во истрагата и не го негирале договорот со што ги намалиле можните казни.

Најголема казна ќе плати американскиот Whirlpool- 56 милиони евра, шведскиот Electrolux 48 милиони евра, Indesit, француска компанија која за време на истрагата премина во доминантна сопственост на Whirlpool- 46 милиони казна, и BSH 23 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави