Search

Шест починати и 88 нови случаи на ковид 19

Во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во:-Скопје 23, Куманово 8, Дебар 2, Штип 10, Прилеп 3, Тетово 2, Струга 11, Велес 2, Битола 3, Охрид 8, Кавадарци 1, Гостивар 4, Струмица 1, Македонски Брод 4, Виница 2, Свети Николе 2,  Кичево 2

Починати се 6 лица, две пациентки од Скопје , пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент од Тетово и пациент од Штип.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти од: Скопје 57, Дебар 1, -Штип 11, Прилеп 8, Тетово 11, Велес 1, Гостивар 2, Кочани 4, Демир Хисар 1, Свети Николе 10, Кичево 2, Ресен 5

Досега во земјата се направени вкупно 108384 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11289, бројката на оздравени пациенти е 7221, на починати е 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557.

Треба да знаете
Последни објави