Search

Шест плотуни од артилериски орудија ќе бидат попладнево истрелани поради приемот во НАТО

Денеска со почеток во 18 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба по повод приемот во НАТО, најавија од Генералштабот на Армијата.

За таа цел, од касарната ,,Илинден“ во Скопје, ќе бидат истрелани шест плотуни од артилериски орудија, од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата.

Претходно претседателот Стево Пендаровски информираше дека денеска во 11:30 часот, според американско време, ќе се случи чинот на нашето формално зачленување во НАТО-алијансата, во главниот град на САД.

Треба да знаете
Последни објави