Search

Шест лица уапсени во Кенија поради фалсификувани банкноти

Полицијата во Кенија уапси шест лица откако претходно беа запленети фалсификувани банкноти во вредност од повеќе од 20 милиони американски долари.

Лажните банкноти биле пронајдени во личен сеф во една филијала на банката „Барклис“ во главниот град Најроби, соопшти во вторникот Директорат за истраги на Кенија (ДЦИ).

„Шест лица беа уапсени … од страна на детективите на ДЦИ во врска со фалсификувани банкноти во износ од нешто повеќе од 20 милиони долари во филијалата на ‘Баркли’“, се вели во соопштението.

„Лажните банкноти од 100 долари се пронајдени во сефот на банката“.

Од ДЦИ додадоа и дека биле уапсени и двајца службеници на банката, како и дека лицето кое требало да биде измамено од осомничените соработува со полицијата.

„Баркли“ Кенија во вторникот потврди дека полицијата уапсила клиент кој чувал фалсификувани банкноти во сефови во филијалата.

Банката, подружница на Јужноафриканската Абса групација, рече дека парите не биле дел од нејзиниот депозит, а содржината на сефот му била позната само на сопственикот, додавајќи дека соработуваат со полицијата во истрагата.

„Корисникот сокрил лажна валута во неговиот личен сеф наспроти правилата и прописите на банката, кои вклучуваат ограничувања на предмети што можат да се чуваат во сефовите“, се вели во соопштението на банката.

Треба да знаете
Последни објави