Search

Шест загинати и тројца повредени во престрелка во Мексико Сити

Шест лица загинаа, а тројца други се повредени во вооружена престрелка на криминална банда во предградието Изтапалапа во Мексико Сити, пренесува „Спутник“.

Пет мажи и една жена беа убиени, а две жени и еден маж се повредени како резултат на пукањето во населбата Лос Рејес Кулхуакан во Изтапалапа. Тие биле на јавно место за време на нападот”, се вели во соопштението.

Според првичните наоди, група луѓе пиеле алкохол кога четворица криминалци им се дозближиле во автомобил и отвориле оган врз нив пред да избегаат од местото на настанот. Обвинителството почна истрага во врска со масовното убиство.

Во последниве неколку одини Мексико се соочува со висока стапка на криминал поради зголемените криминални активности на повеќе наркокартели и насилните престрелки меѓу нив

Треба да знаете
Последни објави