Search

Шестмина позитивни на коронавирусот од редовите на Шкендија и Ренова

Додека се прават сите подготовки на продолжението на сезоната во првата македонска фудбалска лига од Тетово доаѓа информацијата дека во Шкендија и Ренова има шест позитивни случаи на коронавирусот, информираат од Синдикатот на фудбалери на Македонија.

Ова е резултатот од тестовите кои беа направени во овие два прволигаши со тоа што четворица позитивни има во таборот на „гипсарите“, додека двајца се од таборот на „црвено-црните“. Поради ова денешните тренинзи на Ренова и Шкендија беа откажани, а позитивните од КОВИД-19 веднаш ќе бидат ставени во самоизолација и домашен карантин.

Од Синдикатот на фудбалери на Македонија додаваат дека процесот на тестирање на членовите клубовите ќе продолжи и во наредните денови.

Треба да знаете
Последни објави